„Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, им ја дава својата целосна поддршка на стечајните работници кои се принудени да ја бараат правдината и да ги остварат своите права со штрајкови и изрази на незадоволство пред Владата и институциите кои своевремено им ветија решавање на нивниот статус односно егзистенцијална сигурност“, сооптшти денеска кабинетот на Петрески.

Оттаму информираат дека поддршката на градоначалникот за стечајците особено на тие од Охрид, нема никаква врска со предизборието и дневнополотичките активности на кандидатите за градоначалничката позиција. Оваа поддршка стечајците во Охрид ја имаа од градоначалникот и досега бидејќи нивната немаштина и  социјалната несигурност за нивните семејства е товар за општината. Тие наши сограѓани бараат излез тука каде живеат, а ние како општина не можеме да им помогнеме. Тоа е тешко и за нас како локална власт, но тешко сватливо и за нив кои се препуштени на ветувања, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Петрески.

Ohridnews