По ескалацијата на настаните на локалната политичка сцена и бројните реакции, градоначалникот на Охрид Александар Петрески реши да ја прекине официјалната посета на Австралија и се враќа во Охрид, дознаваOhridNews.

-Да точно е, јас се враќам во Охрид, додека останатите членови на делегацијата ја продолжуват официјалната посета на Австралија според однапред утврдената агенда, изјави за OhridNews, градоначалникот Петрески.

Петрески вчера се сретне со Бил Саравиновски, Македонец по потекло,градоначалник на општината Рокдеил во Сиднеј, а во негова чест беше одржан прием во парламентот на Нов Јужен Велс. Поради прекинување на посетата тој нема да ги оствари планираните активности во Волонгонг, Камбера и Мелбурн, како и договорените средби со претставниците на македонската дијаспора во Австралија.

Се очекува Петрески во Охрид да пристигне до понеделник и да учествува на закажаната седница на градскиот Совет.

OhridNews