Продажбата на ЕМО ја гледам како единствен начин ова претпријатие да почне да работи. Против сум тоа што што оваа фирма, некогашен гигант, е донесена на просјачки стап со цел да се продаде за малку пари. Се докажа дека сегашното раководство нема капацитет да управува со претпријатието, ниту пак владата која е мнозински акционер. Сигурен сум дека она што ќе се продава од ЕМО ќе го купи некој кој што е близок до раководството или владата, но сепак и тоа е подобро одколку фирмата да пропаѓа, вака градоначалникот Александар Петрески ја коментира најавената продажба на дел од ЕМО- Охрид.     

Како што е познато, идниот месец по барање на доверителот „Ремис“ на продажба ќе се најдат 98 единици на  „ЕМО“- Охрид. Ќе се продава опрема, алат, материјали, трафостаница и друг инвентар на фирмата кои по вторпат ќе бидат понудени во пакет со почетна цена од 63 милиони денари.

Имотот на „ЕМО“ се продава по барање на доверителот, градежното претпријатие  „Ремис“, на кое  „ЕМО“ му должи 120,4 милиони денари. Во третиот квартал загубарот „ЕМО“ регистрираше загуба од околу еден милион евра.

Компанијата за периодот од 2007 до 2009 година има загуба од речиси 9,5 милиони евра.

OhridNews