“Ова беше едно од најважните патувања во мојот градоначалнички мандат каде што црпев искуства како се менаџира со градови кои во себе ги спојуваат старото и новото”, изјави градоначалникот Петрески.
Најважно патување во мојот мандат – Петрески
“Покрај со 50 колеги-градоначалници од целиот свет, имав можност да разговарам со изрелските министри за надворешни работи, за локална самоуправа и за животна средина”, рече Петрески.
Тој се сретнал и со македонскиот амбасадор во Израел со кого разговарал околу можностите, израелски компании да инвестираат во Охрид.
Според изјавата на охридскиот градоначалник, сосема извесно е дека Охрид наскоро ќе се збратими и со израелскиот град Тибериј.