Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ангажирал познати адвокати од Охрид да го истражат случајот со поставувањето на билбордите на кои тој беше иронично претставен и исмејуван.

Петрески преку адвокати бара одговор од компанијата во чија сопственост се билбордите за нарачателите на кампањата која иако  траеше само еден ден предизвика големо внимание.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ деновиве меѓусебно се обвинуваат за ниското ниво на политичка култура и организација на билборд кампањата, зад која според неофицијални информации стои невладина организација.

OhridNews