Во работна посета на Охрид денеска ќе пристигне делегација од Европската Ракометна Федерација -ЕХФ, заедно со претставници Infront и Swiss Timing. Предвидена е посета на СРЦ “Билјанини Извори” во Охрид, состанок со Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, како и прес Конференција со почеток во 12.00 часот во Охрид.
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот ја посети Спортската сала за да се увери на лице место како течат финалните подготовки.
– Очекуваме позитивна оцена. Салата е подготвена за ЕП што ќе се одржи во декември годинава. Има дополнително време да се средат финесите. Поради националните првенства во кошарка и ракомет како и Самитот на претседатели не бевме во можност да направиме вака поголема реконструкција на салата. Во секој случај Охрид и Македонија ќе ја преставиме во најдобро светло– ни изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
просторот околу салата го средуваше пожарната
На првиот ден од тридневната посета било договорено ждребањето за групите на завршницата од ЕП да биде органзизрано на брод во Охридското Езеро на 20 – ти јули, а МТВ се заложила да направи и директен пренос на сателитскиот канал.
Делгацијата од ЕХФ, од земјва си заминува утре, за кога е закажан прес со почеток во 12.00 час. во просториите на РФМ во Скопје.
M.Постоловски