Со вчерашната изјава во која го оценува моето обраќање во Пештани „за недостојно на чинот“, г-динот Дејан Пановски конечно се разобличи како вешт манипулант со медиумите и сеач на магла во јавноста. Се јавува во улога на „Билатералниот секретаријат за заштита на Езерото“, а дава политички квалификации  и оценки како да е „адвокат“ на неговиот шеф Груевски. Всушност, тоа му е пракса како на задолжен за пропаганда во охридското ВМРО ДПМНЕ,
а пред тоа и Демократската Алтернатива
, одговара градоначалникот Александар Петрески на изнесените забелешки за неговиот  јавен настап на свеченоста по повод пуштањето во употреба на колекторот во Пештани.

–Еднашка настапува како „експерт за води“, друг пат како член на „Билатералниот секретаријат“, трет пат како „експерт за животна средина“, некогаш како „заштитник на сливот на Црн Дрим“, често пати како учесник на разни семинари, конференции, средби и што ли уште не – а од сето тоа конкретно ништо за Охрид, вели Петрески.

Нека г-динот Пановски престане веќе еднаш да се задскрива зад екологијата во своите, чисто, партиски настапи во јавноста. Донекаде ќе ја разберев неговата фрустрација аку се јавеше како член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, но за моето обраќање, Пановски како експерт за екологија, можеше да се увери сам од аплаузите и одушевеноста на пештанци, стои во реакцијата на градоначалникот Петрески.

OhridNews