Охридскиот градоначалник кој прв им го честиташе пласманот на “рибарите“ во првата лига потенцираше дека локалната самоуправа со ребалансот на буџетот ќе застане зад спортскиот колектив.


–    Сигурно ова е голем ден за охридскиот спорт и за Охрид.  Во ребалансот на буџетот, ќе предвидиме повеќе средства за за сите спортови, меѓутоа сигурно дека приоритетен ќе ни биде фудбалот . Убеден сум дека ќе бидеме добри прволигаши.  Ја сум сигурен дека овај успех ќе даде импулс и во другите спортови и покрај туристички, културноисториски центар да биде и спортски центар во Македонија. Секако ние како општина Охрид ќе дадеме максимална подршка и со прволигашки тим сигурно дека ќе можеме да угостиме и познати екипи и од Македонија но и од странство. Јас сум убеден дека со мали заслиувања оваа екипа, може да игра многу важна улога во првата македонска лига – рече градоначалникот Петрески по завршувањето на мечот меѓу Охрид и Охрид Лоте.

Петрески очекува успехот на Охрид, да ги натера челните луѓе на Фудбласката Федерација на Македонија до го завртат вниманието кон македонскиот бисер.

–    Развојот на фудбалот во Охрид, ќе ги натера и челниците во Фудбалската Федерација на Македонија, заедно со општина Охрид да вложи и во инфраструктурата на градскиот стадион, кој сигурно е еден од најубавите во државата. Со изградба на уште една трибина, со изградба на современи соблекувални , ние ке може да ја угостиме и македонската фудбалска репрезентација. Останува приватниот сектор, исто како и досега, да вложува и да го најде интересот во спорот – потенцираше Петрески

Градоначалникот напомена дека Охрид со изградбата на двата затворени базени, спортската сала и сите помошни терени ќе добие еден репрезентативен комплекс со кој ќе биде конкурентен на пазарот.

 – Охрид е најдобриот град во Македонија и така сите треба да го гледаат, кога се работи за Охрид и за спортот нема тука политичка димензија, посакувам да нема поделба и сите фактори  да вложуваат максимално – заврши Петрески.

М.П.