Општина Охрид нема да троши големи суми пари како други градови за Нова година, но организиран дочек на градскиот плоштад ќе има, вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој најави скромна прослава, а со дел од средствата од буџетот наменети за организација на Нова година ќе им се помогне на најсиромашните граѓани.

Централна прославва на Нова година на плоштад ќе има, но нема да биде како во други градови, како Скопје на пример, каде буџетот за најлудата ноќ изнесува 200 000 евра. Во ова време на сиромаштија не е добро да трошиме огромни средства на некој пејач што ќе пее еден час и подобро е тие пари да им  ги дадеме на економски најзагрозените наши сограѓани со што ќе им помогнеме барем за извесно време, рече Петрески.

OhridNwes