Петрески : „Охридско Лето“ го афирмира Охрид во светот !
12.07.10 11:05
По повод денешното свечено отворање на 50-то, јубилејно, издание на сценско-музичкиот фестивал „Охридско Лето“, градоначалникот Александар Петрески упати честитка до Управата, Дирекцијата и учесниците на оваа реномирана културна манифестација која веќе половина век го афирмира Охрид ширум светот преку уметноста и културата не познавајки и не признавајки никакви граници.
Во честитката на Градоначалникот меѓу другото се вели:
„Охридско Лето“ како светски позната манифестација на која настапувале врвни имиња на своето време од областа на репродуктивната музичка уметност, диригенти, современи композитори, драмски уметници,театарски, оперски и балетски куќи, и Охрид како град на културното и духовно живеење – станаа синоним еден за друг.Започната кон средината на минатиот век, оваа манифестација се потврдува како најдобар презентент на нашиот град и нашата земја ширум светот и во првата декада на новиот милениум.
Генерации наши сограѓани културно се воздигнувале благодарение на концертите, рециталите, оперите, балетите и театарските претстави на уметниците кои давале белег на своето. Една цела генерација наши сограѓани израсна заедно со Фестивалот, а илјадници гости и туристи, уметнички дејци и поклоници на културата и уметноста за навек понесоа незаборавни впечатоци за Фестивалот или градот-домаќин посакувајки барем уште еднаш во животот или кариерата да бидат гости на Охрид и „Охридско Лето“.
Посакувам, во името на градот-домаќин и своите сограѓани, ова јубилејно, 50-то издание на „Охридско Лето“ да го потврди уште еднаш своето високо светско реноме, а на учесниците, посетителите и гостите – да бидат исполнети со незаборавни впечатоци кои можат да ги понесат само од Охрид и неговата најстара и најафирмирана културна манифестација.
Среќни сме што сме современици на овој „златен јубилеј“ на Фестивалот и посакуваме уште многу успешни години и јубилеи на задоволство на сите нас и идните генерации учесници и посетители на „Охридско Лето“
На 24022025 во 0030 часот пред казино на улица „Маркс и Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 47 годишно лице од струшкото село Подгорци Тој претходно, во казиното го наруш...
Откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави видео од тоа како ќе изгледа аеродромот во Охрид, откако ќе биде реконструиран За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги проширу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.