Охридските пратеници ги игнорираат проблемите на Охрид, смета градоначалникот Александар Петрески, забележувајќи им на народните избраници за неактивност околу решавањето на горливиот проблем со Колекторот, кој како што предупредија стручните служби на „Проаква“ може да откаже секој момент.

-Пратениците од Охрид се во функција на нивните политички партии, а не на Охрид. Нив повеќе ги интересира кој ќе биде кандидат за градоначалник на наредните избори отколку решавање на проблемите на граѓаните на Охрид, рече Петрески.

Тој ги критикуваше и владините министри дека одбегнуваат да се сретнат со него и да разговараат за проблемот со Колекторскиот систем.

-Доаѓаат во Охрид даваат изјави на прес конференции без да се сретнат со мене да поразговараме за проблемите со колекторот, што не е во ред, додаде Петрески.

OhridNews