По повод 4-от роденден на OhridNews, честитки до нашата редакција упати градоначалникот на Општина Охрид:

Како прв електронски весник во Охрид и Македонија OhridNews даде значаен придонес во сферата на многу области и дејности на човековото живеење и дејствување. Во изминативе четири години, имајќи го во предвид врвниот новинарски односно медиумски професионализам  станавте пример за објективно и професионално информирање.

Општина Охрид со надеж за понатамошна соработка, Ви го честита 4 годишното постоење на Вашиот електронски весник OhridNews во Интернет просторот. – се вели во честитката од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

До нашата редакција денеска пристигнаа и голем број честитки од истакнати јавни личности и граѓани со желби за успех и поддршка за Првиот електронски весник во Македонија. На сите нив искрено им благодариме на искажаната доверба и поддршка.

OhridNews