Разрешениот директор на охридската Гимназија, Љубиша Машановиќ, нема намера да ја напушти функцијата. Тој деновиве и официјално го обжалил решението на градоначалникот Петрески до Второстепената владина комисија, бидејќи смета дека е нерегуларно сменет од директорската функција.

Градоначалникот Петрески во изјава за медиумите денеска истакна дека разрешувањето на директорот на Гимназијата е направено поради прекршување на одлуките и критериумите за упис на нови ученици и дека очекувал поради тоа Машановиќ сам да си поднесе оставка.

–    Директорот не требаше да чека да биде разрешен туку сам требаше да се повлече од функцијата. Јас тоа го очевувам во наредниот период затоа што имаме обврска кон сите деца кои не успеаа во изминатите години да се запишат во гимназијата иако им фалеа само половина или еден бод и тоа не може да се промени сега со едно укажување на министерот, рече Петрески.

Како што неодамна објави Ohridnews, со одлука на градоначалникот Љубиша Машановиќ, е разрешен од функцијата директор на ОСУ „Свети Климент Охридски“, а на негово место поставен е Наум Рилкоски – професор по физичко образование. И двајцата се членови на СДСМ.

Ohridnews