Градоначалникот Александар Петрески, реагира на како што вели предвреме започнатата кампања на дел од кандидатите и покривање на нивните активности од страна на одредени медиуми.

– Не само што се најавуваат нивните активности, туку и се емитуваат и цели извештаи за нив, што е нарушување на изборните правила, рече на прес конференцијата Петрески. Тој најави дека за таквото однесување на дел од кандидатите и медиумите ќе ги запознае надлежните органи.

Во врска со протестот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, пред седницата на Советот на општината вчера, Петрески истакна дека младите непотребно биле злоупотребени во случајот бидејќи деталните урбанистички планови се носат според законите и со согласност на надлежните министерства.

Според Петрески одделни членови на Советот зја злоупотребиле в;ерашната седница за личен или партиски предизборен маркетинг. Тој смета дека се минимизираат валидно донесените одлуки во однос на Деталните урбанистички планови,  кои се резултат на законски спроведената повеќемесечна и повеќегодишна постапка во која се добиени позитивните, со закон пропишани, мислења од страна  надлежните министерства. Според Петрески јавноста е дезинформирана од страна на одредени медиуми по однос на урбанистичките планови заради нецелосното познавање на  плановите, или заради нивна партиска обоеност и „навивачко информирање“.

Ohridnews

 

Ohridnews