Градоначалникот на Охрид нема намера да постави шеф на кабинет, децидни се од неговиот кабинет. Оттаму ги демантираат сите шпекулации и гласини кои кружат во јавносто за евентуално ангажирање на надворешен соработник за шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид.

– Навикнати сме и нормално е во градот да се шпекулира кој каква позиција завзема во локалната самоуправа. Кабинетот на градоначалникот нема шеф на кабинет и градоначалникот нема потреба од таков соработник, бидејќи соработниците и советниците кои ги има се доволни за успешно обавување на функцијата, ни изјави Никола Манески, портпарол на општината.

Ohridnews