– Сите општински институции функционираат тековно и не e неопходно физичко присуство на градоначалникот за справување со неповолната хидролошка состојба во охридско, дополнително што посетата на Петрески на Австралија е планирара со месеци со однапред утврдена агенда – велат од локалната самоуправа.
ВМРО ДПМНЕ го обвини градоначалникот за несериозен однос кон кризата со неповолната хидролошка состојба и побара тој итно да се врати во Охрид и да си поднесе оставка.
Враќање на Петрески побара и неговата матична партија, СДСМ, која го повика градоначалникот на Охрид, веднаш да ја прекине посетата на Австралија, бидејќи во ситуацијата во која се наоѓа целото крајбрежје на Охридското Езеро, тој треба да биде меѓу граѓаните на Охрид.