„Проблемите во комуналната сфера и урбанизмот во Охрид се таложеле 30 и повеќе години. На граѓаните им се земало пари за комуналии, но проблемите не се решавале, затоа денеска со средствата со кои располага општината треба да се решаваат и тековните и наталожените проблеми и да се враќаат долговите кои исто така се направени во минатото поради што сметката на општината е блокирана. И Супермен да сум не ќе можам да ги решам сите проблеми“

Вака градоначалникот Александар Петрески пластично им ја објасни реалната состојба во Охрид на граѓаните кои денеска на јавната трибината „Прашајте го градоначалникот“ го бомбардираа првиот човек на градот со прашања кои нејчесто се однесуваа на проблеми од комуналната сфера  и урбанизмот.


Граѓаните го прашуваа…

Градоначалникот и првите луѓе на секторите и јавните општински претпријатија денеска неколку часа ги слушаа проблемите на граѓаните. Тие се пожалија на неасфалтираните улици, немањето пристапни патишта до домовите, немањето канализација и за многу секојдневни несекојдневни проблеми. Одредени граѓани во очај раскажуваа за тоа како и по триесетина години откако ги изградиле своите домови за кои уредно платиле комуналии сеуште немаат канализација или пристапен пат, но имаше и такви кои се жалеа како комшиите дрвата ги оставале на тротоар или бесправно граделе. Беше отворен проблемот со паркинг просторот и недостигот на сообраќајна култура, а се дискутираше и за крупни зафати во подобрување на сообраќајната инфраструктура како што е пробивање на улици на потегот од старата автобуска до „Туристичка“, како и од ул„Гоце Делчев“ до ул„Железничка“. Во најголем дел решението на овие проблеми како што истакна градоначалникот Петрески зависи од процесот на експропријација на земјиштето бидејќи локалната самоуправа соочена со блокирана сметка не е моќна да ги обезбеди секогаш потребните  банкарски гаранции кои се законска обврска за реализиција на обврски по овој основ.


…Градоначалникот и раководителите на сектори слушаа

Локалната ги сослуша проблемите на граѓаните. Имаше и критики, но и пофални зборови за сработеното досега. Но, впечаток е дека граѓаните премногу се ооптоварени со лични проблеми па така не слушнавме ниту еден збор на пример за спортот, културата, јавниот живот или други семгменти кои се од интерес на пошироката заедница.

Г. Момироски

најнова вест: Конечно Струмица падна во Охрид !
читај повеќе: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=3670