По номинацииите на Боро Павлоски од ЛДП, Ацо Попоски од НСДП, градоначалникот на Охрид вели дека тоа нема да влијае на неговата победа на претстојните избори. Тој смета дека ќе дојде до одредено раситнување на гласовите од центарот и левицата, но тоа според него нема да влијае на конечниот успех.

-Јас подршката ја добивам од граѓаните, а не од политичките партии. Убеден сум дека граѓаните препознаваат многу добро кој работи. Со истакнувањето на повеќето кандидати од опозицијата можеби се намалуваат шансите за победа во првиот круг, а не дали ќе победам, оптимист е актуелниот градоначалник Петрески.

Ohridnews