„ Наградата за најдобра општинска практика што ја доби Општина Охрид за градот и посебно за мене значи многу зашто ова е наградата на општинската администрација од причини што таа години наназад беше критикувана“ рече денеска на прес-конференција, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој рече дека Охрид е единствената општина што ги задржа сите вработени направи атмосфера за добра работа и вработи стручни кадри и најави оти на 14 овој месец ќе биде организиран Отворен ден на кој општината ќе им ја претстави наградената општинска практика на останатите општини.
Петрески денеска го искоментира и лиферувањето летоци во текот на претходната ноќ со погрдни содржини упатени кон него. „ Ги знам сторителите и очекувам полицијата да преземе соодветни мерки. Се работи за политичка хајка против мене. Ова е класичен варваризам на оние кои не го почитуваат денот на ослободувањето на Охрид “ кажа градоначалникот.
Според него се работи за 10 илјади примероци со кои не само што се почитува Законот за јавна чистота, туку се нарушува и угледот на градоначалникот и воопшто на општината и градот.
Ohridnews