Актуелниот градоначалник, Александар Петрески, денеска ја одржа првата прес-конференција  како кандидат за градоначалник на мартовските избори, но и во својство на шеф на изборниот штаб на СДСМ.

„Мотивите заради кои се кандидирам повторно се резултатите постигнати во изминатите четири години, а дел од проектите кои ги планирав, се уште не  се остварени“ рече Петрески и додаде дека основното лого на овие избори ќе биде „За доброто на Охрид“.

Петрески вети дека наредните четири години ќе бидат поамбициозни за разлика од изминатиот негов градоначалнички мандат, зашто, како што рече, верува во своите способности.


Денеска беше претставена и листата на кандидати за советници во идниот совет со која ќе настапи СДСМ. Носител на листата е Бранислав Трпчевски, дипломиран економист и актуелен директор на МЈП ПРОАКВА.  На второто место е магистер Томислав Тунтев, вработен во охридскиот аеродром, трета  е Виолета Мицкоска, доктор по медицина, а четврти на советничката листа на СДСМ е Душко Јаковчески, дипломиран правник и секретар на општинската организација на партијата. Понатаму следуваат:  Ахмет Пател, Орхидеја Тасевска, Ѓорѓи Танески, Kлиме Тренески, Наташа Костоска, Дејан Дервушоски, Зоран Родиќ, Бети Паункоска, Мите Здравески, Мирослав Ставрески, Благица Вељаноска, Борче Џајкоски, Гоце Ѓоригески, Лидија Апостолоска, Влатко Симјаноски, Младен Симјаноски, Љупка Спасеска, Перо Крстаноски и Никола Галиот.

Ohridews