Градоначалникот Александар Петрески  јавно го презентира сработеното во неговиот изминат четиригодишен мандат.

„Отчет давам пред граѓаните, пред тие што ме избраа, без разлика кој за кого гласаше. Цело време работев одговорно и во интерес на сите граѓани“ рече Петрески.Тој се осврна на асфалтирањето улици, поплочувањето и изградбата на тротоари, поставувањето ново осветлување,модернизација на семафорската сигнализација, изградбата на водоводните линии, на фекална и атмосферска канализација, на реконструкцијата на училиштата и изградбата на спортските игралишта. 

Се разбира, рече Петрески, дека во овој отчет не кажувам се, затоа што за тоа ќе се потребни три дена зборување.

„Сакам да напоменам дека го вративме долгот на општината од 15 милиони евра што го направил некој друг, а бевме и првата локална единица во Македонија што изгради кружни текови на крстосниците“, додаде Петрески.


Тој кажа дека како и во првиот, така и во наредниот мандат ќе биде помеѓу граѓаните и приоритет ќе му бидат нивните елементарни потреби, независно дали живеат на периферијата или во центарот на градот, дали припаѓаат на една или друга политичка партија, дали гласале или не гласале за него, и независно од тоа, на која вера или нација припаѓаат.


На јавната презентација што вечерва се одржа во големата општинска сала, беше поделена и брошурата „За доброто на Охрид“ која ги содржи реализираните зафати на општината во изминатите 4 години.

A.Р.