Петрески, Нанче, Павлоски, Попоски, Љац… во трка за градоначалник на Охрид
01.02.09 00:01
Кирил Трендафилов – Нанче и Александар Петрески, повторно ќе се соочат во трка за градоначалник на Охрид, на претстојните локални избори. Овој пат Нанче ќе ја има поддршката на владејачката ВМРО ДПМНЕ, која на седница на Извршниот комитет во петокот ја прифатила неговата кандидатура за градоначалник на Охрид. Изборот на Трендафилов, некои го протолкуваа како мало изненадување, бидејќи во текот на внатрепартиската процедура за избор на кандидат за градоначалник, неговото име не беше многу споменувано.
Петрески, Нанче, Павлоски, Попоски, Љац… во трка за градоначалник на Охрид
Во својата прва изјава по номинацијата, дадена за Оhridnews, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов-Нанче, рече дека е задоволен од изборот на владејачката партија во Македонија.
„Мислам дека изборот беше очекуван. Се надевам дека овојпат ќе имаме фер избори за разлика од минатиот пат . Со Господ напред ќе биде се како што треба, а ќе се потрудам и јас да биде така“, изјави тој за Ohridnews.
Актуелниот градоначалник Александар Петрески, кој ќе атакува на втор мандат како кандидат на СДСМ, смета дека победникот на претстојните избори ќе го одлучат граѓаните, а не партиите.
-Убеден сум дека граѓаните препознаваат многу добро кој работи. Со истакнувањето на повеќето кандидати можеби се намалуваат шансите за победа во првиот круг, изјави Петрески, кој сепак е оптимист дека ќе победи во градоначалничката трка.
Покрај Трендафилов од ВМРО ДПМНЕ и Александар Петрески од СДСМ, на локалните избори во Охрид со свои кандидати за градоначалник ќе настапат ЛДП и НСДП.
Либералдемократрите ја истакнаа кандидатурата на актуелниот директор на ЈП Охридски Комуналец и советник, Боро Павлоски, кој најави дека ќе понуди нов концепт за Охрид.
„Доста се гласа лево или десно. На овие избори граѓаните на Охрид ќе имаат повеќе опции и се надевам дека ќе ја изберат вистинската“, рече Павлоски.
Новите социјалдемократи на изборите ќе настапат со претседателот на општинскиот огранок, угледниот бизнисмен, Ацо Попоски.
Тој исто така најавува позитивна кампања и политичка платформа која ќе понуди развој на Охрид. Акцент во неговата програма која ќе биде обелоденета кога ќе почне изборната кампања, ќе биде ставен на економијата.
Засега во најава е и најмалку една независна кандидатура, а се споменува името на Владимир Рувинов – Љац.
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави видео од тоа како ќе изгледа аеродромот во Охрид, откако ќе биде реконструиран За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги проширу...
Црвен Крст Охрид и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Мини...
Утре од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.