Градоначалникот Александар Петрески денеска во 19 часот во Домот на културата во Лескоец ќе одржи средба со жителите од ова село.
Се очекува, Лесковчани да бидат информирани за преземањата што ги прави општината за решавање на комуналните проблеми.
Ќе стане збор и за изградбата на водоснабдителната мрежа и поврзувањето на канализацијата од Лескоец со градската канализациона мрежа кое се одлoжи заради недавањето дозвола за прекоп на патот Охрид – Битола од страна на надлежните државни агенции и министерства.
Ohridnews