Решавањето на  инфраструктурните проблеми, меѓу кои најгорливо е прашањето со поврзување на с. Лескоец на канализационата мрежа, доминираа на тричасовната средба на жителите од ова село со градоначалникот Александар Петрески.


На средбата што синоќа се одржа во Домот на култура, Петрески ги информирал жителите на Лескоец дека приклучувањето на секое домаќинство на канализационата мрежа, ќе биде на сметка на општината, а не на граѓаните. При тоа, како што информира општинската прес служба, на граѓаните од Лескоец им биле презентирани сите документи и преписки помеѓу општината и Агенцијата за патишта на РМ, во врска со опструкциите околу прекопот на магистралниот пат Охрид – Битола, ппради што, според локалната самоуправа, не може да се реализира приклучувањето на Лескоец на канализационата мрежа.


На средбара жителите на оваа населба се интересирале и околу долгорочното решавање на проблемот со водоснабдувањето на Лескоец.

Ohridnews