Градоначалникот Александар Петрески на прес-средба што ќе се одржи денеска во зградата на општината ќе одговори на прашањата што вчера исто така на прес конференција до него ги упати портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Јованчо Секуловски, а во врска со некои зафати од урбанистичката сфера.
Локалната самоуправа нагласи дека денешната прес – средба на градоначалникот Петрески е задоволување на интересирањето на ВМРО ДПМНЕ и одговор на нивната вчерашна прес средба, за потоа, како што се вели во соопштението, да не се тврди дека некој друг, а не ВМРО-ДПМНЕ ја започнал предвреме изборната кампања.