На местото на кое сега се наоѓа старата зграда на библиотеката која е во фаза на уривање, нема да се гради никаков друг објект, тврди градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој ги демантира шпекулациите во јавноста дека таму ќе се изгради мал хотел или друг комерцијален објект. „Тука ќе има плоштад кој е многу потребен за овој дел од градот каде на моја иницијатива ќе биде поставен споменик на Христо Узунов и никаква градба додека сум јас градоначалник тука нема да има“, вели Петрески.
На местото на библиотеката нема да никне нов објект тврди општината
Новиот плоштад како што најави Петрески треба да биде готов до крајот на мај. Според планот што го изработи охридскиот Завод и Музеј плоштадот ќе биде поврзан со културните знаменитости во опкружувањето.
ohridnews