Се разжестува вербалната војна помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ – и градоначалник на Охрид. Александар Петрески денеска жестоко реагираше на последните прес конференции на охридскиот огранок на кој тие го нарекоа квази градоначалник.
– Јас сум градоначлник на сите охриѓани, мене ме има секаде, непосредно до граѓините со кои секојдневно сум во контакт и разговарам за нивните проблеми. За мене приоритетни се барањата на граѓаните, а не прашањата на квази вмровците и посебно на еден квазимодо – рече Петрески на денешната прес конфенеција и додаде: тие не само што го срамат името на ВМРО , туку го срамат и името на градот, и кога јас би имал власт би го забранил користењето на тоа име во политички цели.
На прашањето дали тој ќе се кандидира за пратеник тој рече: –
Дали јас ќе кандидирам за пратеник тоа не е нивни проблем, за мене да не се секираат, каде и да се кандидирам секаде ќе победам. Јас никогаш прв не сум ги “закачил“ нив, но кога сакаат така, нека знаат дека Петрески враќа “пута три“ – истакна градоначалникот.
Петрески се осврна и на конкурсот за избор на директор на фестивалот „Охридско лето“, за кој рече дека е чиста фарса, бидејќи однапред се знаело кој ќе седне во директорската фотеља.
– Нека не се мачат охриѓани да конкурираат, тоа место ќе го добие Јованчо, сопугот на советничката Дамеска – вели Петрески.
Петрески запраша по кој криетриум се вработуваат лица во охридската капетанија како и во шумското претрпијатие, зошто инспекциите го избегнуваат гигантот ЕМО, каде придонесите не се плаќаат, а работниците примат по две три илјади денари на име плата. – Нека одговори ДПМНЕ за ситуацијата во јавното здравство, Охрид беше центар, од цела Македонија доаѓаа во Охрид, но сега не е така, тоа е свесно уништување на здравството за да можат приватните клиники да прават екстра профит. Одговорите на овие прашања треба да се адресираат до ДПМНЕ, а не до мене – рече Петерески.
На прес конференцијата стана збор и за одлуката Охрид да не се кандидира за град на културата за 2011 година.
– Три години по ред аплицираваме со според нас издржана програма. За 2009 година главен носител беше Славе Ѓорѓо Димоски. Бидејќи за 2010 се исполитизира нашата кандидатура, а за 2011 одлучивме да не аплицираме , почитувјаќи го ставот на Министерството на култура според кое треба да им се даде предност на другите градови, тоа како аргуемнт за нас е прифатливо и ние одличивме да не аплицираме – рече раководителот на секторот за образование и култура Митре Велјаноски.
Тој рече дека Охрид е единствената општина која нема ниту една институција и ниту една манифестација која не е под централанта цласт. Локалната самоуправа над своите можности издвојува за културата. Охрид може да се пофали со преку 15- културни настани кои ги поддржавме, најмалку 30 дела на млади книжевни актери сме помогнале, преку 20 ликовни изложби, проектот „Охрид те сакам“ го помага локалната самоуправа која прави максимални напори да заживее градскиот театар во Охрид кој единствено не е помогнат од централната власт, додека сите останати театри низ Македонија се помогнати од централната власт.– потенцираше Велјаноски.
Велјаноски напомена дека општината успешно ги организира и одржува “Вечерите на Живко Чинго“, исклучиво со заложби на локалната самоуправа се одржаа двата охридски хорски фестивали , се помагаат фолкорни здруженија, како и манифестацијата “Прличевите беседи“, а посмртно е објавена и збирката раскази на Зоран Ковачасеки.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com