Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека Мостот на желбите кој беше изграден со донација на фондацијата „Рамковски“ е исклучително корисен проект, иако според државните институции тој е дивоградба.

-Ако му наоѓаат мани на мостот нека направат поинаков мост, пешачка патека со камен или слично, па потоа е многу лесно Мостот на желбите е монтажен и многу лесно се демонтира. Додека не се направи нешто подобро нема потреба да се размислува за тоа, бидејќи до сега по Мостот на желбите поминале над 200 000 луѓе, вели Петрески.

Според градоначалникот не е во ред да се урне Мостот на желбите, бидејќи тоа  не е во интерес ниту на охриѓани, ниту на туристите.

-Ако не се плашат од Господ нека уриваат, јас нема да уривам и по цена во затвор да ме однесат, дециден е Петрески.

OhridNews