Куќите кои се наоѓаат над музејот на Робевци и Лапидариумот, каде што пред една недела се одрони карпа и дел од потпорниот ѕид,  не се дивоградби, тврди градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој објасни дека дивоградба е само еден мал дел помеѓу две од куќите, но тоа не може да биде причина за одронот.

-Веднаш по одронот општинска комисија излезе на терен и при тоа утврди дека куќите се плански изградени и дека  не се причина за одонот на потпорниот ѕид и карпата. Опасност за одрон на ова место постои од пред неколку години, па  Министертвото за култура требаше многу порано да обезбеди средства за санација и навремна заштита на истото . –рече Петрески.


Одронот не бил предизвикан од нелегална градба тврди Петрески

Тој нагласи дека Локалната самоуправа во Стариот дел на градот до сега има инвестирано во голем број потпорни ѕидови и дека за оваа намена  планира да издвои средства и во иднина.

-Ние во изминативе четири години имаме направено многу потпорни ѕидови, а многу од постоечките ѕидови ги имаме возобновено, но секако дека има уште за работа. Факт е дека она што во стариот град, не се направило за време од 40 години, не може да се направи и поправи за неколку години. Ќе продолжиме со рекострукција и изградба на нови потпорни ѕидови, со цел да се спречат вакви одрони и на други места.-рече Петрески.

Ohridnews