На отворената презентација градоначалникот Петрески ќе се осврне на реализираните проекти и резултатите во текот на неговиот мандат, со цел јавноста да биде запознаена со остварувањата на локалната самоуправа во изминатите 4 години, соопшти општинската служба за информирање.
Оттаму информираат дека презентацијата на резултатите на Петрески не е во функција на предизборната кампања, туку морална обврска за отчетност прег граѓаните за сработеното во текот на неговиот градоначалнички мандат кој наскоро истекува.