– Убеден сум и го делам мислењето на целата јавност дека вадењето на бродот „Илинден“ од Охридското Езеро трае премногу долго, а штом е така веднаш продолжуваат разните озборувања и придонесува за многу шпекулации, рече Петрески.
Градоначалникот на Охрид изрази уверување дека охриѓани сами без никаков надомест можеле да го извлечат бродот за неколку часа надвор и неоштетен, на истиот принцип на кој тоа го направија експертите од хрватската компанија „Дубина“.
– Точно е дека во Охрид и во Македонија не постои фирма за таа работа, меѓутоа убеден сум дека тоа можеме да го направиме сами без никаков надомест, изјави Петрески, според кого одолговлекувањето на целата постапка е нечие сценарио.