Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески, своето право на глас го оствари во избирачкото место 1279 сместено во Центарот за социјални работи. Тој изрази задоволство од текот на изборите кои тој очекува да ја потврдат волјата на граѓаните изразена во првиот круг.

На две недели пред Велигден посакувам денешниот ден да биде Велигден за демократијата. Очекувам денеска изборниот процес да заврши т.е. Македонија да добие претседател, а Охрид градоначалник. Исто така очекувам победата од првиот круг да се потврди, да биде со поголема разлика, со тоа и да заврши изборниот процес, рече Петрески.


Петрески: Изборите да бидат Велигден за демократијата

Тој го поздрави присуството на евроамбасадорот Ерван Фуере во Охрид и упати порака охриѓани да го сакаат својот град толку колку што Охрид го сака Фуере и се ќе биде во ред.


Петрески на избирачкото место пристигна со сопругата и синот


Очекува добар резултат – Александар Петрески

Ohridnews