Вербалната војна помеѓу централната и локалната власт во Охрид околу набавката на ново патничко возило за потребите на општината не стивнува. Откако портпаролите на ВМРО ДПМНЕ и на општина Охрид, Александар Бичиклиски и Никола Манески си разменија остри зборови, на темата се огласи и градоначалникот на Охррид. Во изјава за локалните медиуми на свеченоста по повод пуштањето во употреба на пешачката патека кај Кошишта, Петрески истакна дека набавката на новото службено возило на општината чини колку еден лет со хеликоптер на владините министри од Скопје до Охрид.
Општина Охрид нема купено ново возило 7 години, а градоначалникот оди на пат со старо возило со што се загрозува неговата безбедност, истакна Петрески.
Тој зајадливо му реплицираше на портпаролот Бичиклиски за прозивките дека градоначалникот на општина Охрид во време на економска криза троши пари за луксузно возило. „Можам да му кажам на Бичиклиски дека имам нов телефон и нови кондури број 42,5“, иронично изјави Петрески.
– Господинот Бичиклиски да си ги погледне пратениците од ВМРО ДПМНЕ и министрите кои за роденден на своите синови или сопруги им купуваат вакво возило, додаде Петрески.
Вчера во 1445 часот, на регионалниот пат Охрид – СвНаум, во близина на населбата „СвСтефан“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, привеле двајца...
На празникот Прочка, во Велгошри, охридско, денеска се одржа традиционалниот маскенбал “Емшири 2025” Младите емширчиња со креативни маски инспирирани од нивната фантазија и омилените де...
Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²) Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.