Градоначалникот Петрески и пратеникот Николоски, на прославата на 10-годишнината на Младинскиот совет, изразија задоволство што МСО е успешен проект со кој сега се гордеат сите охриѓани кои барем еднаш биле дел од него.


Им ја честитам годишнината, а ете добив и благодарница за тоа што сум помагал, јас велем дека тие (МСО) донекаде ја работат работата на градоначалникот. Она што јас го правам го сфаќам и како моја обврска. МСО е една организација која работи успешно и доколку сите организации и здруженија работат на тоа ниво, Охрид ќе биде уште поуспешен. – рече градоначлникот Петрески

Благодарница и плакета на  десетгодишнинта од МСО доби и пратеникот Александар Николоски кој своевремено бил еден од активистите на Младинскиот совет.


Им честитам, ова е навистина голем јубилеј, едно здружение на граѓани десет години да работи успеншо. Низ ова здружение поминале многу млади луѓе кои го даваат својот придонес за што подобар Охрид. Се надевам и дека во годините што доѓаат ќе бидат уште посупешни – рече Николоски.

Десет години не е мал јублеиј, но со оглед на плановите кои ги имаме не е ниту многу велат од МСО.

М.П.