– Поразговаравме со градоначалникот и изнесовме став дека ќе направиме се да нема повеќе ниско ниво на комуникација помеѓу институциите и политичките противници, се со цел да го претставуваме градот во подобро светло, изјави по средбата, претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, додавајќи дека од ниското ниво на комуникација губат само граѓаните и градот Охрид.
Михаилов и Петрески се за подобра комуникација
Градоначалникот Петрески неодамна предупреди и на нивото на комуникација и лични дисквалификации на вршителите на јавни функции во одредени медиуми, што, како што истакна тој, негативно влијае на имиџот на градот.