Студиското патување на градоначалниците, по налог на Владата на СР Германија – Одделот за развој на природните ресурси и биодиверзитети – се организира во склоп на ИНВЕНТ Програмата за меѓународен тренинг и развој во соработка со германското Друштво за техничка соработка (ГТЗ) на тема „Најдобри практики за регионален развој и регионален менаџмент“.
Целта на престојот во Германија до 29. овој месец, е да им се претстават на градоначалнците од Југозападниот Плански Регион концептуалните и практични примери за одржлив регинален развој. Во таа смисла ќе бидат третирани повеќе тематски области во кои ќе можат да ги споредат веке стекнатите искуства во сопствениото опкружување и врз основа на нив да спроведат свои стратегии за регионален развој. За време на студискиот престој, градоначалниците од Регионот ќе имаат можност да проследат презентација на повеќе проекти а ќе посетат и повеќе локации како практични примери.