Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески го прогласи за отворен Велгиденскиот турнир во мал фудбал, кој четврта година по ред се одржува во организација на ЈП Билјанини Извори под покровителство на Локалната самоуправа.



– Во овие петнаесетина дена нека победи фубдалот и фудбалските мајстори.Ви посакувам многу среќа и најдобриот нека победи – рече при поздравниот говор директорот на ЈП Билјанини Извори , Боро Шајн.


– Охрид има желба и потенцијал да се покаже во вистинско спортско светло. Овој турнир во целост ги покажува нашите желби Охрид да биде центар на сите збиднувања – рече Петрески на отварањето на турнирот.

М.П.