Според него атрактивните натпревари ќе го привлечат вниманието на ракометните симпатизери кои во голем број ќе дојдат да ги бодрат своите репрезентации.
Големите спортски и политички настани кои се случуваат во Охрид финансиски позитивно се одразуваат на градот, смета Петрески. Тој очекува градот и во иднина да биде чест домаќин на вакви настани, што според него, ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона.