Една од причините за лошата состојба на охридското хотелиерство се високите давачки што државата ги наплаќа преку Управата за јавни приходи, вели градоначалникот Александар Петрески. Според него охридските хотелиери се изложени на секојдневни контроли од УЈП која им изрекува високи казни.

-Еден угостител, хотелиер од УЈП е казнет со 200 илјади евра, друг со 300 илјади евра. Секој дек УЈП врши рекет и влегува по фирмите и ги уцвенува да платат по 5.000 евра за да не бараат други прекршоци за кои ќе платат многу повисоки казни.-изјави Петрески. Според него хотелиери, бизнисмените  и граѓаните на Охрид се изложени на секојдневни контроли и казни и дека голем број хотели се затвориле или биле ставени под хипотека од тие причини.

УЈП денеска ги отфрли обвинувањата на охридскиот градоначалник, како целосно нетпочни и тенденциозни.

OhridNews