Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и лично ја потврди информацијата дека годинава во општината ќе  има прскање против комарци. Тој рече дека прскањето ќе се спроведе авионски и дека таква операција Заводот за здравствена заштина не може да реализира.

– Средства за таа намена се обезбедени во буџетот но голем дел од површините кои треба да се опфатат со прскањето против комарци се во сопственост на државата, како што се трската, боровата шума кај претседателската вила и слично, и тој дел треба да го плати државата за што останува да се договориме, изјави Петрески.