Градоначалникот, Александар Петрески, денеска во својот кабинет ќе ги прима граѓаните на Охрид со цел да ги слушне нивните проблеми и да им помогне во решавањето, доколку тоа е во рамките на неговите ингеренции.

Од неговиот кабинет соопштуваат дека ваквата практика на непосреден контакт мора да продолжи во интерес на развојот на локалната заедница.

Оттаму велат дека на изминатите средби со Петрески, граѓаните најчесто барале вработување на некој член од нивното семејство.

Ohridnews