Иако по сите параметри е меѓу трите најуспешнин општини во Македонија, општината Охрид не може да влезе во втората фаза од децентрализацијата само поради фамозниот член од законот за локална самоуправа, кој на единиците на локална самоуправа кои имаат долгови не им  дозволува да  преминат во наредната фаза од процесот на децентрализација.

„Така никаде во светот не се работи затоа што не е битно кој колку должи, туку колкави капацитети има да го врати долгот“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Општината Охрид со своето работење, особено во областа на обрзованието каде имаме инвестирано преку 1,5 милиони евра сопствени средства, покажа дека има капацитет успешно да работи и да ги решава проблемите. Досега имаме вратено 10 милиони евра долг, а доколку се смени членот од законот ние сме подготвени веднаш да влеземе во наредната фаза од процесот на децентрализација, рече Петрески. Тој напомена дека општината Охрид е подготвена да прифати секаков предлог на владата за решавање на овој проблем. „Доколку ни даде владата позајмица сигурен сум дека за една година ќе ја вратиме или да ни се одобри кредит со кој ќе го сервисираме долгот“, рече Петрески. Тој смета дека  доколку Охрид не влезе во втора фаза процесот на децентрализација во Македонија не може да се смета за успешен.

Петрески своите ставови ги изнесе на семинарот за финснсиската независност на општините, што воморганзиација на ЗЕЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка се одржува во Охрид.

Ohridnews