Градоначалникот  на Општина Охрид, Александар Петрески, бара јавно извинување од претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Мирјана Димовска, поради, како што истакна на денешната прес конференција, изнесените неточни обвинувања.

„Објавените забелешки заради кои Антикорупциската комисија препорачува кривично гонење на градоначалникот на Општина Охрид, целосно се неосновани и освен  нарушување на имиџот на општината не постои друга издржана логика“, рече градоначалникот Петрески.


Петрески бара извинување од Антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата досега нема побарано извештај за спроведените препораки по извештаите од страна на ревизорот. Доколку се обратеше до општинските служби, тие ќе беа доставени, бидејќи за четирите точки кои се наведени во извештајот на Државната комисија за спречување на корупција целосно се спроведени посочните мерки за анулирање на недостатоците. Истата информација можеле да ја добијат и од Министерството за финансии, бидејќи во општиот дел на извештајот на ревизорот наведен е бројот на спроведените препораки, доддаде Петрески. Тој посочо дека поставувањето координатор за јавни нбавки и донесувањето на интерен акт за регулирање на ставката за јавни набавки не се законски обврски, додека за неспроведување на обврските за донесување план и регистар за јавни набавки предвидена е прекршочна казна до 50.000 денари, но не и кривична одговорност. Но Општина Охрид ги има донесено сите овие акти, што како забелешка ги утврди внтарешниот ревизор, рече Петрески. „ Тоа значи дека Антикорупциската комисија кажува невистини и делува коруптивно“ рече Петрески. Тој бара јавно избвинување од претседателката на Антикорупциска и најави дека општината ќе ангажира адвокат кој ќе ги преземе сите потребни дејствија за надомест на штетата за нарушениот углед на градоначалникот и локалната самоуправа.

Петрески рече дека Општина Охрид постојано е изложена на притисоци и ревизии. Во екот на туристичката сезона се најавува нова ревизија, што значи дека градската администрација наместо на зголемените обврски и бројните културни и спортски манифестации ќе мора да работи со инспекторите, рече Петрески. Тој рече дека побарал ревизијата во Охрид да не се врши во туристичкиот шпиц, туку да се одложи за на есен, но не било прифатено. Како тргнеле не ме изненадува да се случи уште нешто со мене, иако не се плашам затоа што сум чист, рече градоначалникот Петрески.

Г. Момироски