Петра Еклстоун, ќерката на сопственикот на формула 1 Берни, оваа седмица била фотографирана без својот труднички стомак. Британските медиуми пишуваат дека ПЕтра родила во тајност и за тоа не ги информирала медиумите, баш како и кога останала бремена.

Имено, таа била фотографирана на Беверли Хилс во прошетка со својата мајка, а нејзината линија јасно покажувала дека повеќе не е бремена. За што точно станува збор сеуште не е познато. Петра има 24 години и е во брак со Џејмс Стант, а парот имал една од најлуксузните свадби во 21 век.