Ќерката на Берни Еклстон и нејзиниот сопруг Џејмс Стант им откриле на пријателите дека чекаат дете. Богатата наследничка и нејзиниот сопруг наскоро ќе станат родители, една година по нивната тридневна гламурозна венчавка во Италија.
Петра Еклстон изјавила дека до својата триесетта година сака да има три деца. Истакнала дека е многу традиционална и дека сака да има големо семејство. Нејзината постара сестра Тамара неодамна ја прекинала врската со момчето Омар кој ја изневерувал и тоа го снимал со камера.