Јавната Установа Национанален парк Галичица уште еднаш ги потсетува сите жители на оптшина Охрид и општина Ресен како и посетителите дека поради тоа што претсојниот викенд е продолжен заради празникот, потребните дозволи за движење во границите на паркот ќе можат да подигнат најдоцна до утре, петок (31.07 2015), до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б.  и во просториите од паркот кои се лоцирани во с.Стење.

При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на  посетат на паркот со точна релација.

Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми,  казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна дирекцијата на паркот, се движи од 1500 до 2000 евра.

Тоа значи дека секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата за престој или посета на паркот. Овие одобренија ќе се издаваат во дирекцијата, а за сите информации посетителите можат да се информираат на телефонот 046/ 261 473, информираат од НП „Галичица“.

OhridNews