Поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, 19-ти ноември (петок), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, одлуката е донесена на последната владина седница.
Овој ден ќе биде работен единствено за училиштата, кои ќе спроведат настава во природа.
Истовремено се информира јавноста дека овој ден ќе се одработи на 27- ми ноември (сабота).
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com