На просторот каде што сега се наоѓаат бараките на градежните фирми „Гранит“ и Трудбеник“ ќе се гради хотелски комплекс, најавува локалната самоуправа.
Со Генералниот урбанистички план оваој простор е предвиден како хотелско-туристичка зона, но за да се реализира идејата потребно е да се донесе Детален урбанистички план за урбана заедница 17, урбан блок 17.4, опфат 1 што зафаќа дел од Спортски центар Билјанини извори.
Предлогот како вредна инвестиција во развојот на туризмот пред советниците го бранеше лично градоначалникот кој истакна дека во изградбата на хотелскиот комплекс на споменатиот простор ќе бидат вложени 15 милиони евра.
Советот е поделен по ова прашање кое како и повеќе други точки од сферата на урбанизмот на дневен ред ќе се најдат на продолжението на 41-та седница , што ќе се одржи на 20 септември.
Ohridnews