Германските лекари објавиле дека оперирале човек кој 15 години имал пенкало во главата откако имал несреќа во детството. Како што пренеле агенциите, човекот од Авганистан кој имал 24 години побарал помош во болницата во Ахен и рекол дека со години пател од главоболка, константни настинки и слабовидност.
Со скенер било утврдено дека во синусите имал 10 сантиметри долго пенкало, кое му ја повредило десната очна шуплина. Рекол дека не ни знаел за пенкалото, но се присетил дека како дете имал еден тежок пад. Германските лекари го отстраниле пенкалото и пациентот закрепнал. Неговиот случај, иако датира од 2011 година, оваа седмица прв пат бил претставен на една медицинска конференција.