На денешен ден во 2008 година, армиски хеликоптер Ми-17 околу пладне се урна во селото Блаце кај Катланово. Хеликоптерот се урнал на само 50-ина метри од последните куќи во селото.

Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На стравотниот пад на армискиот хеликоптер му претходела експлозија. Никој во хеликоптерот не ја преживеа несреќата. Загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Единаесеттемина мировници се враќале од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

OhridNews